Две бели кокошки покрај кошница со свежи бели јајца на трева.

Ѓоргиеви Фарм · Македонија

Еколошки јајца

од среќна кокошка

За нас
Свежи јајца
Слободно одгледани кокошки
Семејна еко фарма
Без хормони и хемикалии
Достава или преземање од фарма
Локално одгледано, со љубов
Свежи јајца
Слободно одгледани кокошки
Семејна еко фарма
Без хормони и хемикалии
Достава или преземање од фарма
Локално одгледано, со љубов
Свежи јајца
Слободно одгледани кокошки
Семејна еко фарма
Без хормони и хемикалии
Достава или преземање од фарма
Локално одгледано, со љубов
Свежи јајца
Слободно одгледани кокошки
Семејна еко фарма
Без хормони и хемикалии
Достава или преземање од фарма
Локално одгледано, со љубов
Кошница со кафеави и сини јајца во слама.

Нашата мисија

Од природата на вашата трпеза.

Во срцето на Овчеполие, опкружено со чиста природа и мир започна приказната на еко живинарска фарма Ѓоргиеви - мала фарма посветена на производство на свежи органски еко јајца.

Ѓоргиеви е семејна фарма во Македонија, со седиште во Штип, која произведува свежи органски јајца од слободно одгледани кокошки.

Нашите јајца стигнуваат до семејства низ Македонија кои ценат свежина и храна произведена со грижа и љубов.

Прашања или нарачки? Повикајте не на +389-70-210-650 или пишете на info@gjorgievifarm.com.

Еко-фармерство

Еко-фармерството е иднината која и ја должиме на нашата природа.

Посреќни, поздрави и слободни животни

Среќата на кокошките е она што нам ни е најзначајно. Со free-range фармерството се овозможува на кокошките да се движат слободно низ фармата, онака како што налага природата за нив.

Среќна кокошка значи здраво јајце.

Чиста природа и плодна почва

Чиста природа преку работење на принцип на затворен биолошки систем. Ова подразбира производство на храна која ја консумираат кокошките и користење на меѓупроизводот за наѓубрување на земјиштето.

Поголема биоразновидност

Градење здрав биолошки систем значи почеток за многу нови видови на животни и растенија, што значи и зголемена биоразновидност и поздрав еко-систем.

Свежи домашни и безбедни прехрамбени производи

Преку здраво производство и локална продажба на продуктите, еко-фармерството гарантира квалитет и свежина на производот.

Поддршка на локалното производство

Поддршката на локалното еко-фармерство е критична за одржување на здрава и одржлива заедница и позитивно влијае преку намалување на транспортните трошоци и заштита на биоразновидноста.

Намалени емисии на јаглероден диоксид

Еко-фармерството се базира на одржливост. Забрането е користење пестициди и инсектициди, а користењето органски материи за збогатување на почвата помага да се намали емисијата на јаглероден диоксид.

Локација