Приказна која започнува во падините на Овчеполието, природна оаза сместена надвор од урбаната и загадена градска средина.
Еко живинарска фарма Ѓоргиеви е мала фамилијарна фарма која се занимава со производство на свежи и природни јајца преку примена на принципот на слободно еколошко фармерство.
Нашите кокошки се слободни одгледани со многу љубов, внимание и нега, а продуктот од оваа наша мала заедница е здраво и свежо еко-јајце полно со нутритивни вредности.
Еко-фармерството е иднината која и ја должиме на нашата природа.
Среќата на кокошките е она што нам ни е најзначајно. Со "Free Range" фармерството се овозможува на кокошките да се движат слободно низ фармата, онака како што налага и природата за нив.
Среќна кокошка значи здраво јајце.
Чиста природа преку работење на принцип на затворен биолошки систем. Ова подразбира производство на храна која што ја конзумираат кокошките и користење на меѓупроизводот за наѓубрување на земјите, што есенцијално ја намалува потребата за надворешни ресурси.
Градење на здрав биолошки систем ќе значи почеток за многу нови видови на животни и растенија што значи и зголемена биоразновидност, а со тоа и поздрав еко-систем.
Преку здраво производство и продажба на своите продукти локално, еко-фармерството гарантира квалитет и свежина на својот производ.
Поддршката на локалното еко-фармерство е критична за одржување на здрава и одржлива заедница и може да има позитивен ефект во смисла на намалување на трошоците на транспорт и на заштитата на биоразновидноста.
Еко-фармерството се базира на метод на одржливост, а тоа значи дека овде е забрането користење на пестициди и инсектициди. Преку користење на исклучиво органски материи за збогатување на почвата се помага во намалување на емисијата на јаглероден диоксид во природата.